лук
Ботаника.
Само во еднина.
Значење на лук:
Зеленчуково растение со подземно стебло во облик на главица од чешниња и зелени перца над земјата; Allium sativum. Леа со лук.Чешне лук. Мириса на лук.Фразеолошки израз / поговорка:
Лук и вода ‒ тоа од кое ништо не бидува, кое ништо не вреди. Ни лук јал ни лук мирисал ‒ 1. за човек што не сака во нешто да се меша; 2. се прави наивен.
Оригинални податоци:
лук (само едн.) м. (бот.) Зеленчуково растение со подземно стебло во облик на главица од чешниња и зелени перца над земјата; Allium sativum. Леа со лук.Чешне лук. Мириса на лук. ◊ Лук и вода ‒ тоа од кое ништо не бидува, кое ништо не вреди. Ни лук јал ни лук мирисал ‒ 1. за човек што не сака во нешто да се меша; 2. се прави наивен.