луле
Значење на луле:
1. Направа за пушење која се состои од цевка, чибук (низ кој поминува димот) и вдлабнат проширен дел каде што согорува тутунот. Пуши луле. Го наполни лулето и го запали.
2. Назив за разни предмети во форма на извиена цевка. а) на казанот за ракија. б) дел од воденицата; кутлица. в) ќунци на шпорет на цврсто или течно гориво.
Множина: лулиња.
Изведени зборови:
- луленце, и. ср. дем. и хип.
Фразеолошки израз / поговорка:
Луле на мирот ‒ симбол на пријателство.
Оригинални податоци:
луле, мн. лулиња ср. 1. Направа за пушење која се состои од цевка, чибук (низ кој поминува димот) и вдлабнат проширен дел каде што согорува тутунот. Пуши луле. Го наполни лулето и го запали. 2. Назив за разни предмети во форма на извиена цевка. а) на казанот за ракија. б) дел од воденицата; кутлица. в) ќунци на шпорет на цврсто или течно гориво. ◊ Луле на мирот ‒ симбол на пријателство. ‖ луленце, мн. луленца ср. дем. и хип.