лупи
Значење на лупи:
Одвои, симне кора од плод, од овошје, зеленчук итн. Лупи јаболко. Лупи компири. Лупеше црвени јајца.Коњугација: лупат.
Изведени зборови:
- лупење, глаг. им. ср.
- се ~ лупи, 1. Се симнува, паѓа (за горен слој од нешто). Му се лупи кожата. Се лупи малтерот од фасадата. Се лупеше бојата од оградата. 2. За пиле ‒ излегува од лупешката на јајцето.
Оригинални податоци:
лупи, лупат несв. Одвои, симне кора од плод, од овошје, зеленчук итн. Лупи јаболко. Лупи компири. Лупеше црвени јајца. ● се ~ 1. Се симнува, паѓа (за горен слој од нешто). Му се лупи кожата. Се лупи малтерот од фасадата. Се лупеше бојата од оградата. 2. За пиле ‒ излегува од лупешката на јајцето. ‖ глаг. им. лупење ср.