лут
Значење на лут:
1. Силно гневен, раздразнет, налутен. Си идел дома лут. Лут е на брат му.
2. (нар. поез.) а) Што лесно се лути, што е лош, поган, зол. Лута свекрва. Има лути браќа. б) Што е опасен, свиреп, отровен, крволочен. Лута змија. Двете јатрви, лути кучки биле. в) За борба ‒ жестока, сурова, тешка. Лут бој. г) За оружје ‒ што е остро, што добро сече, убива. Го погоди лута стрела. Го пресече лут нож. д) Што е без мера во своите постапки, што се оддава на нешто со голема страст. Лут бекрија.
3. Што ги надразнува органите за вкус и мирис. Лут пипер. Лута ракија.
4. За рана, болест ‒ што е тешка, опасна за живот. Лута рана. Лута треска.
5. За време ‒ што е непријатно студено, остро. Лута зима. Лута осојница. Лута слана.
6. За камен, челик ‒ што е тврд но кршлив. Лут камен. Лута ламарина.
7. За клетва ‒ што е тешка. Лута клетва.
Членувана форма: лутиот.
Оригинални податоци:
лут, лутиот прид. 1. Силно гневен, раздразнет, налутен. Си идел дома лут. Лут е на брат му. 2. (нар. поез.) а) Што лесно се лути, што е лош, поган, зол. Лута свекрва. Има лути браќа. б) Што е опасен, свиреп, отровен, крволочен. Лута змија. Двете јатрви, лути кучки биле. в) За борба ‒ жестока, сурова, тешка. Лут бој. г) За оружје ‒ што е остро, што добро сече, убива. Го погоди лута стрела. Го пресече лут нож. д) Што е без мера во своите постапки, што се оддава на нешто со голема страст. Лут бекрија. 3. Што ги надразнува органите за вкус и мирис. Лут пипер. Лута ракија. 4. За рана, болест ‒ што е тешка, опасна за живот. Лута рана. Лута треска. 5. За време ‒ што е непријатно студено, остро. Лута зима. Лута осојница. Лута слана. 6. За камен, челик ‒ што е тврд но кршлив. Лут камен. Лута ламарина. 7. За клетва ‒ што е тешка. Лута клетва.