лути 2
Значење на лути:
Прави некого лут; предизвикува кај некого лутина, гнев, бес. Го лути уличната врева. Недисциплината најмногу го лутеше наставникот.Коњугација: лутат.
Изведени зборови:
- лутење, глаг. им. ср.
- се ~ лути, 1. Се нервира, се гневи, станува лут. Се лутам на тебе што не дојде на средбата. 2. Се лутат еден со друг. Двајцата другари се лутат заради нерасчистените работи.
Оригинални податоци:
лути2, лутат несв. Прави некого лут; предизвикува кај некого лутина, гнев, бес. Го лути уличната врева. Недисциплината најмногу го лутеше наставникот. ● се ~ 1. Се нервира, се гневи, станува лут. Се лутам на тебе што не дојде на средбата. 2. Се лутат еден со друг. Двајцата другари се лутат заради нерасчистените работи. ‖ глаг. им. лутење ср.