маченик

Именка, машки род

Значење на маченик:

1. Тој што се мачи, што трпи, што пати. Цел живот беше маченик.

2. а) (рел.) Тој што е мачен и прогонуван поради верата. Четириесет маченици. б) Воопшто, тој што го дал животот за високи идеали, што умрел маченички.

Множина: маченици.

Изведени зборови:

  • маченица, и. ж.
  • маченички, прид. маченичкиот Маченички живот.

Оригинални податоци:

маченик, мн. маченици м. 1. Тој што се мачи, што трпи, што пати. Цел живот беше маченик. 2. а) (рел.) Тој што е мачен и прогонуван поради верата. Четириесет маченици. б) Воопшто, тој што го дал животот за високи идеали, што умрел маченички. ‖ маченица, мн. маченици ж. ‖ маченички, маченичкиот прид. Маченички живот.