магацин
Значење на магацин:
1. Просторија, обично голема, во која се чува разновидна стока, склад, складиште. Магацините беа преполни со стока.
2. Општо, дел од апарат каде што се става батерија, филм и сл.
3. (воен.) Дел од пушка на репетирање во кој се ставаат куршуми.
Множина: магацини.
Изведени зборови:
- магацински, прид. магацинскиот Магацински простор.
Оригинални податоци:
магацин, мн. магацини м. 1. Просторија, обично голема, во која се чува разновидна стока, склад, складиште. Магацините беа преполни со стока. 2. Општо, дел од апарат каде што се става батерија, филм и сл. 3. (воен.) Дел од пушка на репетирање во кој се ставаат куршуми. ‖ магацински, магацинскиот прид. Магацински простор.