магарешки

Придавка

Значење на магарешки:

Што потекнува од магаре, што припаѓа на магаре. Магарешки уши.

Членувана форма: магарешкиот.

Изведени зборови:

  • магарешки, прил. Како магаре. Запна магарешки, само за да биде по неговото.

Фразеолошки израз / поговорка:

Магарешки инает ‒ тврдоглавост. Магарешка кашлица ‒ (разг.) голема кашлица, црна кашлица. Магарешка клупа ‒ последна, казнена клупа во училница. Магарешка слива ‒ модри сливи што се користат за јадење и за правење ракија. Магарешки трн ‒ висока грмушка со крупни листови со трња по краевите и со виолетови крупни цветови; Onopordon acanthium L.

Оригинални податоци:

магарешки, магарешкиот прид. Што потекнува од магаре, што припаѓа на магаре. Магарешки уши. ◊ Магарешки инает ‒ тврдоглавост. Магарешка кашлица ‒ (разг.) голема кашлица, црна кашлица. Магарешка клупа ‒ последна, казнена клупа во училница. Магарешка слива ‒ модри сливи што се користат за јадење и за правење ракија. Магарешки трн ‒ висока грмушка со крупни листови со трња по краевите и со виолетови крупни цветови; Onopordon acanthium L. ‖ магарешки прил. Како магаре. Запна магарешки, само за да биде по неговото.