магија

Именка, женски род

Значење на магија:

1. Збир од дејства, обреди за кои се верува дека имаат натприродна моќ врз луѓето, животните и врз природните појави; волшепство.

2. (прен.) Привлечност, убавина. Имаше некоја магија во таа жена.

Множина: магии.

Изведени зборови:

  • магиски, прид. магискиот Магиска моќ.

Фразеолошки израз / поговорка:

Бела магија ‒ обред што се прави за да се помогне некому. Црна магија ‒ обред што се прави за да се наштети некому.

Оригинални податоци:

магија, мн. магии ж. 1. Збир од дејства, обреди за кои се верува дека имаат натприродна моќ врз луѓето, животните и врз природните појави; волшепство. 2. (прен.) Привлечност, убавина. Имаше некоја магија во таа жена. ◊ Бела магија ‒ обред што се прави за да се помогне некому. Црна магија ‒ обред што се прави за да се наштети некому. ‖ магиски, магискиот прид. Магиска моќ.