магла

Именка, женски род

Значење на магла:

1. Згусната водена пареа што се создава ниско во атмосферата и ја намалува видливоста. Од густата магла не можеше да си го најде патот за дома.

2. Нешто што личи на магла, облак, прашина, чад. Работниците креваа магла на градилиштето. Не кревај магли, правови.

3. (прен.) Нешто што пречи за да се видат јасно нештата, нејаснотија, темнина. Магла ми е пред очите.

Множина: магли.

Фразеолошки израз / поговорка:

Ветер и магла ‒ бесмислено, бесполезно, излишно. Фати магла ‒ избега. Фрла магла ‒ сака да ги замагли работите.

Оригинални податоци:

магла, мн. магли ж. 1. Згусната водена пареа што се создава ниско во атмосферата и ја намалува видливоста. Од густата магла не можеше да си го најде патот за дома. 2. Нешто што личи на магла, облак, прашина, чад. Работниците креваа магла на градилиштето. Не кревај магли, правови. 3. (прен.) Нешто што пречи за да се видат јасно нештата, нејаснотија, темнина. Магла ми е пред очите. ◊ Ветер и магла ‒ бесмислено, бесполезно, излишно. Фати магла ‒ избега. Фрла магла ‒ сака да ги замагли работите. ‖ маглиште аугм.