магнетизам
Само во еднина.
Значење на магнетизам:
1. (физ.) Својство на некои тела да привлекуваат железо и други метали; магнетна сила.
2. Дел од физиката што ги изучува магнетните појави.
3. (прен.) Привлечна сила, привлечност. Од неговите очи извираше некој магнетизам.
Членувана форма: магнетизмот.
Оригинални податоци:
магнетизам, магнетизмот (само едн.) м. 1. (физ.) Својство на некои тела да привлекуваат железо и други метали; магнетна сила. 2. Дел од физиката што ги изучува магнетните појави. 3. (прен.) Привлечна сила, привлечност. Од неговите очи извираше некој магнетизам.