мајка
Значење на мајка:
1. Жена што родила или посвоила дете; родителка. Таа е мајка на три мали деца.
2. Жена во однос на сопственото дете, деца, оние што ги родила. Живеам со маќеа, а мајка ми не ја паметам.
3. Свекрва. Мајко ќе речеш, ќерко не вели.
4. Обраќање од почит кон стара жена. Од каде си, мајко? 5. Женско животно со потомство. Мачката очајнички си го бранеше потомството, мајка пусто! 6. Женско лице што помага, што штити.
5. Комиње од коешто се одвојува, се точи вино.
6. (прен.) Тоа од што произлегуваат други нешта. Повторувањето е мајка на знаењето.
7. (геогр.) Извориштен дел на река, матица на река.
8. Фирма, претпријатие од кое произлегуваат други фирми ‒ ќерки, формирани со нејзин капитал.
Множина: мајки.
Изведени зборови:
- мајчица, и. ж. мн. мајчици; мајчичка, мн. мајчички хип.
Фразеолошки израз / поговорка:
Како од мајка роден ‒ гол. Не се најде никој од мајка роден што ќе го направи тоа ‒ не се нашол таков јунак. Пијан како мајка ‒ многу пијан. Сега му е мајката ‒ сега е вистинска, единствена можност.
Оригинални податоци:
мајка, мн. мајки ж. 1. Жена што родила или посвоила дете; родителка. Таа е мајка на три мали деца. 2. Жена во однос на сопственото дете, деца, оние што ги родила. Живеам со маќеа, а мајка ми не ја паметам. 3. Свекрва. Мајко ќе речеш, ќерко не вели. 4. Обраќање од почит кон стара жена. Од каде си, мајко? 5. Женско животно со потомство. Мачката очајнички си го бранеше потомството, мајка пусто! 6. Женско лице што помага, што штити. 7. Комиње од коешто се одвојува, се точи вино. 8. (прен.) Тоа од што произлегуваат други нешта. Повторувањето е мајка на знаењето. 9. (геогр.) Извориштен дел на река, матица на река. 10. Фирма, претпријатие од кое произлегуваат други фирми ‒ ќерки, формирани со нејзин капитал. ◊ Како од мајка роден ‒ гол. Не се најде никој од мајка роден што ќе го направи тоа ‒ не се нашол таков јунак. Пијан како мајка ‒ многу пијан. Сега му е мајката ‒ сега е вистинска, единствена можност. ‖ мајчица, мн. мајчици; мајчичка, мн. мајчички ж. хип.