макар

Сврзник

Значење на макар:

За искажување целосна решеност за извршување на некое дејство, поретко самостојно со значење дури и да. Макар умрел, неа веќе нема да ја погледнам. Јас ќе си купам мотор макар и да ги дадам сите пари.

Изведени зборови:

  • макар што, сврз. сп. иако. Во допусни сложени реченици блискозначен со состави од типот: и покрај тоа што, при сè што и сл. Макар што бевме малку, голема работа завршивме. Таа се покажа во најдоброто издание макар што не сакаше да зборува за своите успеси. Макар што не играа добро, тие постигнаа погодок и победија.

Оригинални податоци:

макар сврз. За искажување целосна решеност за извршување на некое дејство, поретко самостојно со значење дури и да. Макар умрел, неа веќе нема да ја погледнам. Јас ќе си купам мотор макар и да ги дадам сите пари. ‖ макар што сп. иако. Во допусни сложени реченици блискозначен со состави од типот: и покрај тоа што, при сè што и сл. Макар што бевме малку, голема работа завршивме. Таа се покажа во најдоброто издание макар што не сакаше да зборува за своите успеси. Макар што не играа добро, тие постигнаа погодок и победија.