мами
Значење на мами:
1. Лаже, измислува. Ги мамеше дека нашол работа.
2. Примамува, предизвикува, подлажува. Го мамеше кучето со коска.
3. Изневерува во љубовна или брачна врска. Сите знаеја дека ја мами со други жени.
Коњугација: мамат.
Изведени зборови:
- мамење, глаг. им. ср.
- се ~ мами, Се лаже. Детето не се мамеше лесно.
Оригинални податоци:
мами, мамат несв. 1. Лаже, измислува. Ги мамеше дека нашол работа. 2. Примамува, предизвикува, подлажува. Го мамеше кучето со коска. 3. Изневерува во љубовна или брачна врска. Сите знаеја дека ја мами со други жени. ● се ~ Се лаже. Детето не се мамеше лесно. ‖ глаг. им. мамење ср.