манифестација
Значење на манифестација:
1. Јавно масовно изразување на согласување или одобрување. По повод празникот се одржа голема манифестација на плоштадот.
2. Јавно изразување на нешто. Власта правеше манифестација на силата.
3. Во медицината – знаци на болест.
Множина: манифестации.
Изведени зборови:
- манифестациски, прид. манифестацискиот
Оригинални податоци:
манифестација, мн. манифестации ж. 1. Јавно масовно изразување на согласување или одобрување. По повод празникот се одржа голема манифестација на плоштадот. 2. Јавно изразување на нешто. Власта правеше манифестација на силата. 3. Во медицината – знаци на болест. ‖ манифестациски, манифестацискиот прид.