манифестира
Значење на манифестира:
1. Земе учество, учествува во манифестација.
2. Јавно изрази, изразува, покаже, покажува нешто. Проблемите се манифестираа во работата.
3. Во медицината – покаже, покажува знаци на некоја болест. Болеста се манифестира со висока температура и повраќање.
Коњугација: манифестираат , манифестирајќи.
Изведени зборови:
- манифестирање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
манифестира, манифестираат; манифестирајќи св. и несв. 1. Земе учество, учествува во манифестација. 2. Јавно изрази, изразува, покаже, покажува нешто. Проблемите се манифестираа во работата. 3. Во медицината – покаже, покажува знаци на некоја болест. Болеста се манифестира со висока температура и повраќање. ‖ глаг. им. манифестирање ср.