маргина
Значење на маргина:
1. Неиспишан простор на рабовите од листови хартија. На маргините на книгата имаше белешки со ситен ракопис.
2. (прен.) Периферија, страна, крај (на настан, интерес и сл.). Театарските претстави останаа на маргините на културните случувања во градот.
Множина: маргини.
Оригинални податоци:
маргина, мн. маргини ж. 1. Неиспишан простор на рабовите од листови хартија. На маргините на книгата имаше белешки со ситен ракопис. 2. (прен.) Периферија, страна, крај (на настан, интерес и сл.). Театарските претстави останаа на маргините на културните случувања во градот.