маргинален

Придавка

Значење на маргинален:

1. Што е напишан на маргините од лист хартија. Маргинални забелешки.

2. (прен.) Што е спореден, неважен, безначаен. Маргинална работа.

Членувана форма: маргиналниот.

Изведени зборови:

  • маргинално, прил. Оваа појава досега само маргинално е засегната во историската наука.

Оригинални податоци:

маргинален, маргиналниот прид. 1. Што е напишан на маргините од лист хартија. Маргинални забелешки. 2. (прен.) Што е спореден, неважен, безначаен. Маргинална работа. ‖ маргинално прил. Оваа појава досега само маргинално е засегната во историската наука.