марина
Значење на марина:
1. Пристаниште што служи за закотвување јахти, глисери, чамци, едрилици и сл., обично во туристички места.
2. (слик.) Уметничка слика на која е претставен морски пејзаж.
Множина: марини.
Изведени зборови:
- марински, прид. маринскиот Марински работник.
Оригинални податоци:
марина, мн. марини ж. 1. Пристаниште што служи за закотвување јахти, глисери, чамци, едрилици и сл., обично во туристички места. 2. (слик.) Уметничка слика на која е претставен морски пејзаж. ‖ марински, маринскиот прид. Марински работник.