марионета
Значење на марионета:
1. Вид кукла што се движи со помош на конци или жици со која се изведуваат театарски, обично детски, претстави.
2. (прен.) Лице што постапува по туѓи наредби, што исполнува туѓа волја; послушник. Тој беше марионетка на директорот.
Множина: марионетки.
Алтернативно: марионетка
Изведени зборови:
- марионетски, прид. марионетскиот Марионетска претстава. ◊ Марионетска влада – влада која не е самостојна во своето работење.
Оригинални податоци:
марионета и марионетка, мн. марионетки ж. 1. Вид кукла што се движи со помош на конци или жици со која се изведуваат театарски, обично детски, претстави. 2. (прен.) Лице што постапува по туѓи наредби, што исполнува туѓа волја; послушник. Тој беше марионетка на директорот. ‖ марионетски, марионетскиот прид. Марионетска претстава. ◊ Марионетска влада – влада која не е самостојна во своето работење.