маса 2
Значење на маса:
1. Неодредено, необликувано количество од некој материјал; супстанција, материја. Пластична маса. Керамичка маса.
2. Вкупно количество од нешто. Овие пари ќе влезат во масата средства наменети за развој.
3. Големо количество од нешто. Ни останаа маса нерешени проблеми.
4. а) Толпа, множество луѓе. Маса луѓе се собраа на плоштадот. б) (обично во мн.) Голем број луѓе, народ. Широки народни маси.
5. Во правото ‒ одреден имот. Оставинска маса. Стечајна маса.
Множина: маси.
Оригинални податоци:
маса2, мн. маси ж. 1. Неодредено, необликувано количество од некој материјал; супстанција, материја. Пластична маса. Керамичка маса. 2. Вкупно количество од нешто. Овие пари ќе влезат во масата средства наменети за развој. 3. Големо количество од нешто. Ни останаа маса нерешени проблеми. 4. а) Толпа, множество луѓе. Маса луѓе се собраа на плоштадот. б) (обично во мн.) Голем број луѓе, народ. Широки народни маси. 5. Во правото ‒ одреден имот. Оставинска маса. Стечајна маса.