машала!

Извик

Разговорен збор, израз.

Значење на машала!:

1. За изразување восхит, пофалба; браво! Машала колку си нараснал!

2. Како формула против уроци. Послушен е и вреден, машала.

Фразеолошки израз / поговорка:

Пу, пу, машала! ‒ против уроци.

Оригинални податоци:

машала! изв. (разг.) 1. За изразување восхит, пофалба; браво! Машала колку си нараснал! 2. Како формула против уроци. Послушен е и вреден, машала. ◊ Пу, пу, машала! ‒ против уроци.