маска 2
Значење на маска:
1. Тоа што се става на лицето за да се скрие, да се преправи ликот. На лицето имаше маска на мачка.
2. Маскиран човек. На маскенбалот шетаа најразлични маски.
3. (прен.) Извештачен, неприроден изглед на лицето; лицемерност, преправање. Цела вечер не ја тргна маската од лицето и беше претерано љубезен со сите за да го сокрие гневот.
4. Направа што се става на лицето за заштита од отровни гасови, прав итн. Заштитна маска. Гас-маска.
5. (мед.) а) Направа за довод на кислород. б) Направа низ која се вдишува анестетик пред операција.
6. Во театар – специјална актерска шминка.
7. Во козметиката ‒ смеса што се нанесува на лицето заради нега на кожата.
Множина: маски.
Оригинални податоци:
маска2, мн. маски ж. 1. Тоа што се става на лицето за да се скрие, да се преправи ликот. На лицето имаше маска на мачка. 2. Маскиран човек. На маскенбалот шетаа најразлични маски. 3. (прен.) Извештачен, неприроден изглед на лицето; лицемерност, преправање. Цела вечер не ја тргна маската од лицето и беше претерано љубезен со сите за да го сокрие гневот. 4. Направа што се става на лицето за заштита од отровни гасови, прав итн. Заштитна маска. Гас-маска. 5. (мед.) а) Направа за довод на кислород. б) Направа низ која се вдишува анестетик пред операција. 6. Во театар – специјална актерска шминка. 7. Во козметиката ‒ смеса што се нанесува на лицето заради нега на кожата.