маскира

Глагол, свршен и несвршен

Значење на маскира:

1. Стави, става маска некому, преправи, преправа некого. Мајката ги маскираше децата за Прочка.

2. Прикрие, прикрива. Со шминка го маскираше недостатокот на лицето.

3. (воен.) Направи, прави тешко видлив, тежок за распознавање. Го маскираа бункерот со гранки.

Коњугација: маскираат , маскирајќи.

Изведени зборови:

  • маскирање, глаг. им. ср.
  • се ~ маскира, Учениците се маскираа со разни маски.

Оригинални податоци:

маскира, маскираат; маскирајќи св. и несв. 1. Стави, става маска некому, преправи, преправа некого. Мајката ги маскираше децата за Прочка. 2. Прикрие, прикрива. Со шминка го маскираше недостатокот на лицето. 3. (воен.) Направи, прави тешко видлив, тежок за распознавање. Го маскираа бункерот со гранки. ● се ~ Учениците се маскираа со разни маски. ‖ глаг. им. маскирање ср.