масло

Именка, среден род

Значење на масло:

1. Прехранбен производ во течна состојба, нерастворлив во вода, што се добива од некои растенија или од риба. Сончогледово масло. Пченкарно масло. Маслиново масло. Рибино масло.

2. Производ од различно потекло што се користи за подмачкување. Машинско масло.

Множина: масла.

Изведени зборови:

  • масленце, и. ср. (само едн.) дем. и хип.

Фразеолошки израз / поговорка:

Му (го) извади маслото ‒ умори некого со многу работа, извади од некого максимум. Налева масло на огинот ‒ поттикнува или комплицира некаква кавга. Од болва вади масло ‒ од сè вади корист. Тоа е негово масло ‒ сплетка, лага.

Оригинални податоци:

масло, мн. масла ср. 1. Прехранбен производ во течна состојба, нерастворлив во вода, што се добива од некои растенија или од риба. Сончогледово масло. Пченкарно масло. Маслиново масло. Рибино масло. 2. Производ од различно потекло што се користи за подмачкување. Машинско масло. ◊ Му (го) извади маслото ‒ умори некого со многу работа, извади од некого максимум. Налева масло на огинот ‒ поттикнува или комплицира некаква кавга. Од болва вади масло ‒ од сè вади корист. Тоа е негово масло ‒ сплетка, лага. ‖ масленце (само едн.) ср. дем. и хип.