материја
Значење на материја:
1. (физ.) Тоа од што е составено физичко тело. Органска материја. Неорганска материја.
2. (филоз.) Објективна стварност што постои надвор од човековата свест и независно од неа. Просторот и времето се две битни и неделиви одлики на материјата.
3. Предмет, содржина на некое научно, уметничко и сл. дело. Оваа материја ќе биде вклучена во законските акти.
4. материјал_5
Множина: материи.
Оригинални податоци:
материја, мн. материи ж. 1. (физ.) Тоа од што е составено физичко тело. Органска материја. Неорганска материја. 2. (филоз.) Објективна стварност што постои надвор од човековата свест и независно од неа. Просторот и времето се две битни и неделиви одлики на материјата. 3. Предмет, содржина на некое научно, уметничко и сл. дело. Оваа материја ќе биде вклучена во законските акти. 4. сп. материјал 5.