мати 1

Глагол, несвршен

Значење на мати:

1. Прави нешто да биде матно. Како стапнуваше во потокот, ја матеше водата.

2. Меша. Жената ги матеше јајцата. Млекарот го матеше млекото.

3. (прен.) Лаже, мами. Ги матеше сите со неговите приказни за наследството.

Коњугација: матат.

Изведени зборови:

  • матење, глаг. им. ср.
  • се ~ мати, Ми (ти, му, ѝ, им) Ми се заматува погледот, ми се врти во умот, имам вртоглавица. Ми се мати во главата. Ми се матат мислите.

Фразеолошки израз / поговорка:

Ја мати водата – внесува несогласувања, прави проблеми.

Оригинални податоци:

мати1, матат несв. 1. Прави нешто да биде матно. Како стапнуваше во потокот, ја матеше водата. 2. Меша. Жената ги матеше јајцата. Млекарот го матеше млекото. 3. (прен.) Лаже, мами. Ги матеше сите со неговите приказни за наследството. ● се ~ Ми (ти, му, ѝ, им) Ми се заматува погледот, ми се врти во умот, имам вртоглавица. Ми се мати во главата. Ми се матат мислите. ‖ глаг. им. матење ср. ◊ Ја мати водата – внесува несогласувања, прави проблеми.