матица

Именка, женски род

Значење на матица:

1. Целосно полово развиена пчела што несе јајца од кои се создава ново пчелно семејство.

2. Средина на речното корито каде што водната струја е најсилна и каде што водата е најдлабока.

3. (прен.) Земја на потекло, матична земја; средина од каде што потекнува нешто, изворно место. Македонија е матица за сите иселеници.

4. Име на здруженија основани за да се негува националната култура. Матица на иселениците.

Множина: матици.

Оригинални податоци:

матица, мн. матици ж. 1. Целосно полово развиена пчела што несе јајца од кои се создава ново пчелно семејство. 2. Средина на речното корито каде што водната струја е најсилна и каде што водата е најдлабока. 3. (прен.) Земја на потекло, матична земја; средина од каде што потекнува нешто, изворно место. Македонија е матица за сите иселеници. 4. Име на здруженија основани за да се негува националната култура. Матица на иселениците.