матрица
Значење на матрица:
1. Калап за леење печатарски букви, пари и сл.
2. Во галванопластиката – отпечаток добиен со втиснување на оригинална печатарска форма на оловна фолија, восочна или целулоидна плоча.
3. Релјефен отпечаток добиен во негатив од кој се изработуваат разни предмети.
4. (мат.) Систем од бројки распоредени во правоаголни шеми и редови кои се однесуваат според вообичаените алгебарски закони.
5. (муз.) Снимена музичка подлога на која се наснимува гласот или се користи за настап во живо.
6. Во програмирањето – основна структура на податоци во која податоците се подредени и организирани така што да можат да се користат како една информациска единица.
7. (прен.) Начин на однесување според некој принцип, модел и сл.
Множина: матрици.
Оригинални податоци:
матрица, мн. матрици ж. 1. Калап за леење печатарски букви, пари и сл. 2. Во галванопластиката – отпечаток добиен со втиснување на оригинална печатарска форма на оловна фолија, восочна или целулоидна плоча. 3. Релјефен отпечаток добиен во негатив од кој се изработуваат разни предмети. 4. (мат.) Систем од бројки распоредени во правоаголни шеми и редови кои се однесуваат според вообичаените алгебарски закони. 5. (муз.) Снимена музичка подлога на која се наснимува гласот или се користи за настап во живо. 6. Во програмирањето – основна структура на податоци во која податоците се подредени и организирани така што да можат да се користат како една информациска единица. 6. (прен.) Начин на однесување според некој принцип, модел и сл.