мавне 1
Значење на мавне:
1. Удри, зададе удар; мава. Го мавна со тупаница по лицето.
2. Фрли нешто, удри силно. Пијаниот силно го мавна шишето во ѕидот.
Коњугација: (ќе) мавнеа , (ќе) мавнев , (ќе) мавнел, мавнаа , мавнав , мавнал , мавнат , мавнат , мавнете , мавни .
Изведени зборови:
- мавнување, глаг. им. ср.
- се ~ мавне, Се удри. Човекот силно се мавна со раката по чело.
- (се) мавнува, глаг. повт. (се) мавнуваат
Оригинални податоци:
мавне1, мавнат; мавни, мавнете; мавнав, мавнаа; мавнал, мавнат; (ќе) мавнев, (ќе) мавнеа; (ќе) мавнел св. 1. Удри, зададе удар; сп. мава. Го мавна со тупаница по лицето. 2. Фрли нешто, удри силно. Пијаниот силно го мавна шишето во ѕидот. ● се ~ Се удри. Човекот силно се мавна со раката по чело. ‖ (се) мавнува, (се) мавнуваат повт. ‖ глаг. им. мавнување ср.