мавта
Значење на мавта:
1. Прави движења со раката во знак на поздрав. Кога го испраќаше, му мавташе сè додека не ѝ се изгуби од видот.
2. а) Прави движења во воздухот држејќи нешто в рака (шамиче, знаме, прачка итн.). Детето мавташе со шамиче од возот б) Прави движење со некој дел од телото (глава, крила, опашка и сл.). Кравите мавтаа со опашките бранејќи се од муви.
3. (прен.) Се фали, се прави важен со нешто (со диплома, функција, заслуга и сл.). Оди наоколу и мавта со дипломата.
4. (прен. разг.) Лаже, мами. Немој да ме мавташ, кажи точно кај беше!
Коњугација: мавтаат.
Изведени зборови:
- мавтање, глаг. им. ср.
- се ~ мавта, Се ниша, се виори (на ветар). Спрострените алишта се мавтаа на ветрот.
Оригинални податоци:
мавта, мавтаат несв. повт. 1. Прави движења со раката во знак на поздрав. Кога го испраќаше, му мавташе сè додека не ѝ се изгуби од видот. 2. а) Прави движења во воздухот држејќи нешто в рака (шамиче, знаме, прачка итн.). Детето мавташе со шамиче од возот б) Прави движење со некој дел од телото (глава, крила, опашка и сл.). Кравите мавтаа со опашките бранејќи се од муви. 3. (прен.) Се фали, се прави важен со нешто (со диплома, функција, заслуга и сл.). Оди наоколу и мавта со дипломата. 4. (прен. разг.) Лаже, мами. Немој да ме мавташ, кажи точно кај беше! ● се ~ Се ниша, се виори (на ветар). Спрострените алишта се мавтаа на ветрот. ‖ глаг. им. мавтање ср.