маж
Значење на маж:
1. Возрасно лице од машки пол. Децата не ги примаа војници, само мажите. Порасна детето, стана маж.
2. Сопруг, брачен другар. Жената брзаше да го заврши ручекот пред да дојде мажот од работа.
3. Храбар, силен човек, јунак. Ајде излези ако си маж!Се најде мажи за таа работа.
Множина: мажи.
Изведени зборови:
- маже, и. ср. мн. мажиња; мажле, мн. мажлиња дем. и пејор.
- мажиште, и. ср. аугм.
Фразеолошки израз / поговорка:
Биди маж, да те видам! – покажи се, заврши ја таа работа.
Оригинални податоци:
маж, мн. мажи м. 1. Возрасно лице од машки пол. Децата не ги примаа војници, само мажите. Порасна детето, стана маж. 2. Сопруг, брачен другар. Жената брзаше да го заврши ручекот пред да дојде мажот од работа. 3. Храбар, силен човек, јунак. Ајде излези ако си маж!Се најде мажи за таа работа. ◊ Биди маж, да те видам! – покажи се, заврши ја таа работа. ‖ маже, мн. мажиња; мажле, мн. мажлиња ср. дем. и пејор. ‖ мажиште, мн. мажишта ср. аугм.