мажи
Значење на мажи:
Направи, прави женско лице да стапи, стапува во брак. Ќерката ќе ја мажат во сабота. Ја мажија за сиромав.Коњугација: мажат , мажеа , мажев , мажејќи , мажел , мажена , мажете , мажи , мажив , мажија , мажил.
Изведени зборови:
- мажење, глаг. им. ср.
- се ~ мажи, Стапи, стапува во брак. Утре се мажам.
Фразеолошки израз / поговорка:
Се мажила мома да не седи дома ‒ не се омажила од љубов.
Оригинални податоци:
мажи, мажат; мажи, мажете; мажев, мажеа; мажел, мажена; мажејќи; мажив, мажија; мажил св. и несв. Направи, прави женско лице да стапи, стапува во брак. Ќерката ќе ја мажат во сабота. Ја мажија за сиромав. ● се ~ Стапи, стапува во брак. Утре се мажам. ◊ Се мажила мома да не седи дома ‒ не се омажила од љубов. ‖ глаг. им. мажење ср.