меч 1
Значење на меч:
1. Старинско ладно оружје со долго метално сечило, за сечење и бодење, со рачка.
2. (спорт.) Оружје во спортската дисциплина мечување.
Множина: меча, мечеви.
Алтернативно: мечови
Фразеолошки израз / поговорка:
Дамоклов меч – застрашувачка опасност. Меч со две сечила – средство што може да се сврти против тој што сака да го употреби во своја корист.
Оригинални податоци:
меч1, мн. мечеви и мечови, избр. мн. меча м. 1. Старинско ладно оружје со долго метално сечило, за сечење и бодење, со рачка. 2. (спорт.) Оружје во спортската дисциплина мечување. ◊ Дамоклов меч – застрашувачка опасност. Меч со две сечила – средство што може да се сврти против тој што сака да го употреби во своја корист.