мечка
Значење на мечка:
1. Крупно диво животно обраснато со кафеаво, црно или бело крзно, се одликува со тромавост на движењата; Ursus arctos.
2. (прен.) Крупен, тромав човек.
Множина: мечки.
Изведени зборови:
- мече, и. ср. мн. мечиња и меченце, мн. меченца дем. и хип.
- мечешки, прид. мечешкиот Мечешка трага.
Фразеолошки израз / поговорка:
Голема Мечка / Мала Мечка – (астр.) соѕвездија. Роди мечка – многу се измачи додека заврши некоја работа. Мечка се жени – време кога истовремено врне дожд и грее сонце. Мечка страв, мене не – самоохрабрување при некоја пречка или тешкотија. Ќе ти заигра мечка и пред твоја врата – и тебе може нешто непријатно да ти се случи.
Оригинални податоци:
мечка, мн. мечки ж. 1. Крупно диво животно обраснато со кафеаво, црно или бело крзно, се одликува со тромавост на движењата; Ursus arctos. 2. (прен.) Крупен, тромав човек. ◊ Голема Мечка / Мала Мечка – (астр.) соѕвездија. Роди мечка – многу се измачи додека заврши некоја работа. Мечка се жени – време кога истовремено врне дожд и грее сонце. Мечка страв, мене не – самоохрабрување при некоја пречка или тешкотија. Ќе ти заигра мечка и пред твоја врата – и тебе може нешто непријатно да ти се случи. ‖ мече, мн. мечиња и меченце, мн. меченца ср. дем. и хип. ‖ мечешки, мечешкиот прид. Мечешка трага.