мегдан

Именка, машки род

Архаизам.

Значење на мегдан:

1. Плоштад во населено место. На мегданот се собра многу народ.

2. Празен простор, широчина, поле. Овците ги остави на мегданот.

3. Место каде што се води борба. На мегданот имаше многу мртви војници.

4. Двобој, борба. Излегоа на мегдан за да си ја мерат силата.

Множина: мегдани.

Фразеолошки израз / поговорка:

Дели мегдан со некого ‒ се бори со некого. Излезе/вади нешто на мегдан – разгласи, разоткрие нешто. Излезе на мегдан со некого – се спротивстави.

Оригинални податоци:

мегдан, мн. мегдани м. (арх.) 1. Плоштад во населено место. На мегданот се собра многу народ. 2. Празен простор, широчина, поле. Овците ги остави на мегданот. 3. Место каде што се води борба. На мегданот имаше многу мртви војници. 4. Двобој, борба. Излегоа на мегдан за да си ја мерат силата. ◊ Дели мегдан со некого ‒ се бори со некого. Излезе/вади нешто на мегдан – разгласи, разоткрие нешто. Излезе на мегдан со некого – се спротивстави.