меѓу
Значење на меѓу:
1. Во просторот среде две или повеќе лица, предмети и сл. Застана меѓу скараните браќа за да спречи тепачка.
2. Заемни односи што засегаат две или повеќе лица, предмети, поими. Секогаш меѓу нив имало доверба и почит.
3. а) Временска определба што разделува два момента. Кај нас и желките постат за вода меѓу двете Богородици. б) Бројна граница од – до за приближна бројност. Ќе да има меѓу 25 и 30 години.
4. Вклученост, положба на нешто во еднородна средина од лица, предмети и појави. Меѓу великаните на македонскиот спорт се најде и еден ракометар. Тој беше меѓу најбогатите во градот.
5. Споредба. Се забележуваат суштински разлики меѓу вчерашниот и денешниот однос на директорот кон соработниците.
6. Изделување од множество. И меѓу најдобро платените имаше незадоволни.
Фразеолошки израз / поговорка:
Меѓу другото – наспоредно, заедно со останатото, покрај сето. Меѓу нас кажано – за нешто што не треба да се дознае од друг, што не треба да се шири. Меѓу чеканот и наковалната – во незавидна положба. Меѓу четири ѕида – повлечено, изолирано живеење во домот.
Оригинални податоци:
меѓу предл. 1. Во просторот среде две или повеќе лица, предмети и сл. Застана меѓу скараните браќа за да спречи тепачка. 2. Заемни односи што засегаат две или повеќе лица, предмети, поими. Секогаш меѓу нив имало доверба и почит. 3. а) Временска определба што разделува два момента. Кај нас и желките постат за вода меѓу двете Богородици. б) Бројна граница од – до за приближна бројност. Ќе да има меѓу 25 и 30 години. 4. Вклученост, положба на нешто во еднородна средина од лица, предмети и појави. Меѓу великаните на македонскиот спорт се најде и еден ракометар. Тој беше меѓу најбогатите во градот. 5. Споредба. Се забележуваат суштински разлики меѓу вчерашниот и денешниот однос на директорот кон соработниците. 6. Изделување од множество. И меѓу најдобро платените имаше незадоволни. ◊ Меѓу другото – наспоредно, заедно со останатото, покрај сето. Меѓу нас кажано – за нешто што не треба да се дознае од друг, што не треба да се шири. Меѓу чеканот и наковалната – во незавидна положба. Меѓу четири ѕида – повлечено, изолирано живеење во домот.