меѓутоа

Честица

Значење на меѓутоа:

За воведување нови содржини различни од претходно кажаното, со нијанса на спротивност или на различност навестени во наредната информација, на почеток на реченица или на почеток на нов пасус. Војната разгоруваше. Меѓутоа, само по неколку недели почна да се зборува за нови групи бегалци. Проектот дава целосен преглед на болестите на кардиоваскуларниот систем, меѓутоа, има и многу други истражувања што се пред нашите научници.

Оригинални податоци:

меѓутоа чест. За воведување нови содржини различни од претходно кажаното, со нијанса на спротивност или на различност навестени во наредната информација, на почеток на реченица или на почеток на нов пасус. Војната разгоруваше. Меѓутоа, само по неколку недели почна да се зборува за нови групи бегалци. Проектот дава целосен преглед на болестите на кардиоваскуларниот систем, меѓутоа, има и многу други истражувања што се пред нашите научници.