меле

Глагол, несвршен

Значење на меле:

1. Ситни, прави нешто да биде како прав, обично на машина. Меле жито. Меле ореви. Меле месо.

2. (прен.) Многу јаде, лапа. Ја мелеше храната, како машина.

3. (прен.) Многу зборува, ломоти. Цела вечер не престана да меле глупости.

Коњугација: мелат , мелеа , мелев , мелејќи , мелел , мелен , мелете , мели , млеа , млев , млел , млен.

Изведени зборови:

  • мелење, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Два остри камена не мелат брашно – двајца луѓе со остри карактери не можат да се согласуваат. Меле како празна воденица – зборува многу, непотребно и без прекин.

Оригинални податоци:

меле, мелат; мели, мелете; мелев, мелеа; мелел; мелен; мелејќи; млев, млеа; млел; млен несв. 1. Ситни, прави нешто да биде како прав, обично на машина. Меле жито. Меле ореви. Меле месо. 2. (прен.) Многу јаде, лапа. Ја мелеше храната, како машина. 3. (прен.) Многу зборува, ломоти. Цела вечер не престана да меле глупости. ◊ Два остри камена не мелат брашно – двајца луѓе со остри карактери не можат да се согласуваат. Меле како празна воденица – зборува многу, непотребно и без прекин. ‖ глаг. им. мелење ср.