менува
Значење на менува:
1. Прави да биде поинакво по содржина, по квалитет или изглед. Телевизијата секој месец ја менува програмата.
2. Употребува наизменично. Зимно време ги менува гумите.
3. Видоизменува; напушта едно во замена за друго. Менува фризури. Менува боја.
4. Дава нешто во замена за друго; разменува. Парите ги менуваше во менувачница.
5. (грам.) Прави измени по граматички категории: по лице, род, број и сл.
Коњугација: менуваат.
Изведени зборови:
- менување, глаг. им. ср.
- се ~ менува, 1. Станува поинаков. Секоја година се менуваше на полошо. 2. Се разменува. Се менуваат со сликички за албум.
Оригинални податоци:
менува, менуваат несв. 1. Прави да биде поинакво по содржина, по квалитет или изглед. Телевизијата секој месец ја менува програмата. 2. Употребува наизменично. Зимно време ги менува гумите. 3. Видоизменува; напушта едно во замена за друго. Менува фризури. Менува боја. 4. Дава нешто во замена за друго; разменува. Парите ги менуваше во менувачница. 5. (грам.) Прави измени по граматички категории: по лице, род, број и сл. ● се ~ 1. Станува поинаков. Секоја година се менуваше на полошо. 2. Се разменува. Се менуваат со сликички за албум. ‖ глаг. им. менување ср.