мера 1
Значење на мера:
1. Единица за определување на некоја големина (должина, ширина, површина и др.); мерка. Мера за должина.
2. Сад за мерење течност, зрнест и друг материјал. Му дадов пет мери жито.
3. Количество или степен од нешто што се мери. Му краде од мерата.
4. Димензии од телото земени за изработка на облека и чевли. Му зеде мера за палто.
5. Определена граница. Лош е без мера. Тие се добро воспитани и знаат со мера да се однесуваат. Пие со мера.
6. (прен.) мерило. По човечка мера.
Множина: мери.
Оригинални податоци:
мера1, мн. мери ж. 1. Единица за определување на некоја големина (должина, ширина, површина и др.); мерка. Мера за должина. 2. Сад за мерење течност, зрнест и друг материјал. Му дадов пет мери жито. 3. Количество или степен од нешто што се мери. Му краде од мерата. 4. Димензии од телото земени за изработка на облека и чевли. Му зеде мера за палто. 5. Определена граница. Лош е без мера. Тие се добро воспитани и знаат со мера да се однесуваат. Пие со мера. 6. (прен.) в. мерило. По човечка мера.