мерак

Именка, машки род

Разговорен збор, израз.

Значење на мерак:

1. Силна желба, копнеж, страст за нешто. Голем мерак има да пее.2. Момче, љубовник, маж. Меракот си го чекаше.

Множина: мераци.

Фразеолошки израз / поговорка:

За мерак – по желба, по волја, како што сака. Има мерак – 1. сака, силно љуби. 2. има желба, му е пријатно, му е убаво.

Оригинални податоци:

мерак, мн. мераци м. (разг.) 1. Силна желба, копнеж, страст за нешто. Голем мерак има да пее.2. Момче, љубовник, маж. Меракот си го чекаше. ◊ За мерак – по желба, по волја, како што сака. Има мерак – 1. сака, силно љуби. 2. има желба, му е пријатно, му е убаво.