мери

Глагол, несвршен

Значење на мери:

1. Определи големина, размер, количество на нешто. Ја мери должината на собата. Мери со линијар. Мери на вага.

2. Определи степен, силина, броен износ на нешто. Мери притисок. Мери температура.

3. (прен.) Оценува, внимателно набљудува. Го мереше неговиот однос за да му возврати на ист начин.

Коњугација: мерат , мереа , мерев , мерејќи , мерел , мерен , мерете , мери , мерив , мерија , мерил.

Изведени зборови:

  • мерење, глаг. им. ср.
  • се ~ мери, 1. Определува своја тежина, висина. Се мереше на вага. 2. Се споредува. Никој не може да се мери со него. Се мереа кој е повисок.

Оригинални податоци:

мери, мерат; мери, мерете; мерев, мереа; мерел; мерен; мерејќи; мин. св. мерив, мерија; мерил несв. 1. Определи големина, размер, количество на нешто. Ја мери должината на собата. Мери со линијар. Мери на вага. 2. Определи степен, силина, броен износ на нешто. Мери притисок. Мери температура. 3. (прен.) Оценува, внимателно набљудува. Го мереше неговиот однос за да му возврати на ист начин. ● се ~ 1. Определува своја тежина, висина. Се мереше на вага. 2. Се споредува. Никој не може да се мери со него. Се мереа кој е повисок. ‖ глаг. им. мерење ср.