месец
Значење на месец:
1. Секој од дванаесетте делови на кои е поделена годината. Март е третиот месец од годината.
2. Период од околу триесет дена. Работата ја завршив за два месеца.
3. месечина.
4. менструација.
Множина: месеци.
Фразеолошки израз / поговорка:
Меден месец – првиот месец во брачниот живот.
Оригинални податоци:
месец, мн. месеци м. 1. Секој од дванаесетте делови на кои е поделена годината. Март е третиот месец од годината. 2. Период од околу триесет дена. Работата ја завршив за два месеца. 3. в. месечина. 4. в. менструација. ◊ Меден месец – првиот месец во брачниот живот.