меша
Значење на меша:
1. Тура, сипе (течни, ситни, издробени итн.) нешта и ги соединува, прави смеса, мешавина. Домаќинката со дрвена лажица го мешаше брашното со вода.
2. Движи некаков предмет (лажица, мешалка и сл.) низ некоја материја; брка 2. Цели два часа го мешаа ајварот за да не загори.
3. Менува ред, распоред на нешто. Почна да ги меша картите.
4. а) Заменува, грешава поими; брка 3 и буни 2. Секогаш им ги мешаше имињата. б) Вметнува елементи од друг јазик при зборување. Често при зборувањето мешаше по некој англиски збор.
5. (прен.) Озборува. Ме мешаше по комшиите.
6. (разг.) Прави движења со телото, во танц или сл. во кое се имитираат движењето на направа при мешање.
Коњугација: мешаат.
Изведени зборови:
- мешање, глаг. им. ср.
- се ~ меша, 1. Се вклучува во нешто; в. вмеша 1. Секаде се меша. Не мешај се во нивната караница. 2. Се дружи со некого. Се мешаше меѓу луѓе.
Фразеолошки израз / поговорка:
Меша баби и жаби – спојува нешто неспојливо.
Оригинални податоци:
меша, мешаат несв. 1. Тура, сипе (течни, ситни, издробени итн.) нешта и ги соединува, прави смеса, мешавина. Домаќинката со дрвена лажица го мешаше брашното со вода. 2. Движи некаков предмет (лажица, мешалка и сл.) низ некоја материја; в. брка 2. Цели два часа го мешаа ајварот за да не загори. 3. Менува ред, распоред на нешто. Почна да ги меша картите. 4. а) Заменува, грешава поими; в. брка 3 и буни 2. Секогаш им ги мешаше имињата. б) Вметнува елементи од друг јазик при зборување. Често при зборувањето мешаше по некој англиски збор. 5. (прен.) Озборува. Ме мешаше по комшиите. 6. (разг.) Прави движења со телото, во танц или сл. во кое се имитираат движењето на направа при мешање. ● се ~ 1. Се вклучува во нешто; в. вмеша 1. Секаде се меша. Не мешај се во нивната караница. 2. Се дружи со некого. Се мешаше меѓу луѓе. ◊ Меша баби и жаби – спојува нешто неспојливо. ‖ глаг. им. мешање ср.