меси

Глагол, несвршен

Значење на меси:

1. Подготвува тесто од брашно, вода и др. со гмечење. Меси леб. Меси пита. Меси колачи.

2. Гмечи, обликува нешто густо. Плитарите ги месеа од кал.

3. (прен.) Подготвува, планира нешто тајно; замеси. И самиот не веруваше што ќе произлезе од тоа што го месеше цела година.

Коњугација: месат , месеа , месев , месејќи , месел , месен , месете , меси , месив , месија , месил.

Изведени зборови:

  • месење, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

меси, месат; меси, месете; месев, месеа; месел; месен; месејќи; мин. св. месив, месија; месил несв. 1. Подготвува тесто од брашно, вода и др. со гмечење. Меси леб. Меси пита. Меси колачи. 2. Гмечи, обликува нешто густо. Плитарите ги месеа од кал. 3. (прен.) Подготвува, планира нешто тајно; замеси. И самиот не веруваше што ќе произлезе од тоа што го месеше цела година. ‖ глаг. им. месење ср.