месо

Именка, среден род

Значење на месо:

1. Мускулно ткиво на човек или животно што ги покрива коските.

2. Мускулно ткиво од животно што служи како храна. Говедско месо. Свинско месо. Пилешко месо.

3. Мек и сочен дел од плод. Јадеше праски со црвено месо.

4. (само разг.) Откриен дел од телото што обично е покриен со облеката. Прибери се, да не ти се гледаат месата.

Множина: меса.

Фразеолошки израз / поговорка:

Дебело месо – задник. Диво месо – тумор. Живо месо – отворена рана. Топовско месо – војници што се изложуваат на непријателски оган. Човекот е од крв и од месо – човекот има и доблести и слабости.

Оригинални податоци:

месо, мн. меса ср. 1. Мускулно ткиво на човек или животно што ги покрива коските. 2. Мускулно ткиво од животно што служи како храна. Говедско месо. Свинско месо. Пилешко месо. 3. Мек и сочен дел од плод. Јадеше праски со црвено месо. 4. (само мн. разг.) Откриен дел од телото што обично е покриен со облеката. Прибери се, да не ти се гледаат месата. ◊ Дебело месо – задник. Диво месо – тумор. Живо месо – отворена рана. Топовско месо – војници што се изложуваат на непријателски оган. Човекот е од крв и од месо – човекот има и доблести и слабости.