мести

Глагол, несвршен

Значење на мести:

1. Средува, доведува во ред, става на соодветно место. Жената ги местеше креветите. Девојчето ја местеше собата.

2. Прередува од едно место на друго; преместува, поместува. Само ги мести книгите од едно на друго место.

Коњугација: местат.

Изведени зборови:

  • местење, глаг. им. ср.
  • се ~ мести, 1. Зазема место, седнува на некое место. Секое попладне се местеше на фотелјата пред телевизорот. 2. Се преместува. Се местеше од едниот кревет на другиот. 3. (прен.) Се обидува да дојде до некоја позиција, место и сл. Се мести за директор.

Оригинални податоци:

мести, местат несв. 1. Средува, доведува во ред, става на соодветно место. Жената ги местеше креветите. Девојчето ја местеше собата. 2. Прередува од едно место на друго; преместува, поместува. Само ги мести книгите од едно на друго место. ● се ~ 1. Зазема место, седнува на некое место. Секое попладне се местеше на фотелјата пред телевизорот. 2. Се преместува. Се местеше од едниот кревет на другиот. 3. (прен.) Се обидува да дојде до некоја позиција, место и сл. Се мести за директор. ‖ глаг. им. местење ср.