место
Значење на место:
1. а) Дел од просторот што може да се искористи за сместување некого или нешто. Мебелот ми зафаќа многу место во станот. Направете ми малку место за да поминам! б) Простор на којшто се случило нешто или се случува. Место на несреќата. Стражарско место. в) Одреден дел од просторот што некој може или треба да го заземе; седиште. Фатив две места во автобусот.
2. а) Предел. Поминавме низ многу убави места. б) Населено место, населба. Мало место. Место на раѓање.
3. Лична или општествена позиција. Работи на добро место.
4. Положба во однос на другите; ранг. Освоив прво место на натпреварот.
5. Одреден дел од книга. Стигна до најинтересното место во книгата.
Множина: места.
Фразеолошки израз / поговорка:
Болно место – слаба точка, слаба страна. Го отепа на место/почина на место – изгуби живот на местото на настанот. Да сум на твое место – да сум јас наместо ти (тебе). Зборот му фати место – оствари некоја цел. Место не го фаќа / држи – 1. Не може да седи на едно место. 2. Возбуден е, нема мир. Не му е место – не одговара, не е соодветно.Тоа ми е на прво место – тоа ми е најважно. Човек на место – човек како што треба, прав човек.
Оригинални податоци:
место, мн. места ср. 1. а) Дел од просторот што може да се искористи за сместување некого или нешто. Мебелот ми зафаќа многу место во станот. Направете ми малку место за да поминам! б) Простор на којшто се случило нешто или се случува. Место на несреќата. Стражарско место. в) Одреден дел од просторот што некој може или треба да го заземе; седиште. Фатив две места во автобусот. 2. а) Предел. Поминавме низ многу убави места. б) Населено место, населба. Мало место. Место на раѓање. 3. Лична или општествена позиција. Работи на добро место. 4. Положба во однос на другите; ранг. Освоив прво место на натпреварот. 5. Одреден дел од книга. Стигна до најинтересното место во книгата. ◊ Болно место – слаба точка, слаба страна. Го отепа на место/почина на место – изгуби живот на местото на настанот. Да сум на твое место – да сум јас наместо ти (тебе). Зборот му фати место – оствари некоја цел. Место не го фаќа / држи – 1. Не може да седи на едно место. 2. Возбуден е, нема мир. Не му е место – не одговара, не е соодветно.Тоа ми е на прво место – тоа ми е најважно. Човек на место – човек како што треба, прав човек.