метал

Именка, машки род

Значење на метал:

1. Цврст хемиски елемент што може да спроведува топлина и електрицитет.

2. Тоа што е направено од метал или дел од него.

Множина: метали.

Изведени зборови:

  • металски, прид. металскиот Металска индустрија.

Фразеолошки израз / поговорка:

Благородни метали – метали што се хемиски многу отпорни и што се скапоцени (злато, сребро, платина). Лесни метали – метали со мала специфична тежина (алуминиум, магнезиум и нивните легури). Обоени метали – збирно име за сите метали освен за железото и лесните метали. Тешки метали – метали што тешко оксидираат (бакар, сребро, злато, платина). Црни метали – железо, манган и нивните легури.

Оригинални податоци:

метал, мн. метали м. 1. Цврст хемиски елемент што може да спроведува топлина и електрицитет. 2. Тоа што е направено од метал или дел од него. ◊ Благородни метали – метали што се хемиски многу отпорни и што се скапоцени (злато, сребро, платина). Лесни метали – метали со мала специфична тежина (алуминиум, магнезиум и нивните легури). Обоени метали – збирно име за сите метали освен за железото и лесните метали. Тешки метали – метали што тешко оксидираат (бакар, сребро, злато, платина). Црни метали – железо, манган и нивните легури. ‖ металски, металскиот прид. Металска индустрија.